Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ СМЕЕЛА да одбие проверка на багажот, пилотот одбил да полета поради непроверени патници!

t

Не постои ниту еден тип на имунитет кој може да оправда одбегнување на контролата на секој патник, вели поранешниот косовски претседател и претседател на Алијансата Ново Косово Беџет Пацоли. Како што вели Пецоли, тој разговарал со шефот на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт од Торонто, кој му потврдил дека Вјоса Османи никако не смеела да одбие проверка на багажот од страна на македонските граничари на Меѓународниот аеродром Скопје.

Пацоли во објава на Фејсбук објасни дека од разговорот со експертот дознал дека пилот на комерцијален лет може да одбие да го стартува авионот доколку дознае дека било кој од патниците не е проверен, без разлика за кого се работи.

Објавата на Пацоли во продолжение:

 „Денеска бев на кратко патување во Италија со шефот на одделот за безбедност на патници на здружението ИАТА од Торонто. Падна збор за настанот во Скопје. Тој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои ниеден тип на имунитет, што може да го оправда одбегнувањето контрола на секој патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие контрола од службата за обезбедување, тогаш, меѓу другото, таа го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува дека авионот нема да полета“, рече Пацоли.

Натаму, Пацоли изјави дека не постои ниедна инстанца, која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, ако е информиран дека во авионот може да има патник, кој не бил контролиран.

„Ова се случи на аеродромот во Скопје, каде што пилотот одби да го започне патувањето со патници, кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа е предизвикано долго доцнење на полетувањето на авионот со многуте патници внатре.“ – напиша поранешниот претседател на Косово Беџет Пацоли на фејсбук, напаѓајќи ја сегашната претседателка Вјоса Оосмани дека немала никаков дипломатски имунитет да одбегнува безбедносна проверка на аеродромот во Скопје!

Инфомакс претходно ексклузивно објави дека на скопскиот аеродром се случил скандал бидејќи Османи откако одбила проверка на багажот му се јавила на спикерот Гаши кој го испратил своето обезбедување на аеродромот по што се случил инцидент, а обезбедувањето на Гаши им се заканувало на македонските полицајци и тоа со репетиран пиштол на глава.

Во вонредна епизода на „Тешки муабети“ по инцидентите на скопскиот аеродром, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски објави ексклузивни детали за скандалот кој се случи пред неколку часа.

– На прелиминарните скенови кои го имале таа и обезбедувањето, македонските гранични полицајци виделе нешто што им е сомнително. Потоа ги замолиле да ги отворат куферите, за да се провери што има. Османи одбила, граничните полицајци не ѝ дозволиле да замине, тоа е законски.

Ако на прелиминарната проверка има нешто сомнително, дипломатскиот имунитет не важи. Ако ти дилаш дрога и носиш оружје, дипломатскиот имунитет не важи. Обезбедувањето на Османи ги нападнало македонските полицајци, а во меѓувреме Вјоса го бара Африм Гаши кој го пушта неговиот шеф на обезбедување на Аеродромот. Шефот на обезбедување со него зема уште пет души, почнале да се расправаат со нашите полицајци, кои кажале дека обезбедувањето на Гаши нема никаква надлежност таму. Имало пцовки. Во пцуењето Синани вади пиштол, го репетира, вадат и другите и ги вперуваат кон полицајците, по што ескалира ситуацијата.

Нашите гранични полицајци останале на својата заача и не дозволиле да си замине, како што таа си замислила да си оди. Вјоса сега се жали на Твитер и може да се жали колку сака, процедурата во Република Македонија е таа и точка!

Оваа информација ја потврдија и МВР и ТАВ и де факто сакајќи да демантира, ја потврди и Гаши кој вели дека неговото обезбедување било таму „за да ја смири ситуацијата“.

Што барало обезбедувањето на Гаши да одат таму? Кои се тие да кажуваат на гранична полиција, кое е нивното овластување?! На граничната полиција може само надреден да му даде наредба!

На министерот Тошковски му пишав:

– Министре, Африм Гаши тврди дека неговото обезбедување отишло на Аеродром за да смирело ситуација помеѓу обезбедувањето на косовската претседателка и граничната полиција По чив налог, наредба, по кој повод, кој ги повикал, што надлежност имаат? Има ли наредба од претпоставен во МВР?

На ова до овој момент нема никаков одговор, а заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира дека имало било каков настан. Тој го демантира Тошковски и се става на страна на косовската приказна на Вјоса Османи, значи заменик-министерот ја брани не нашата, туку косовската страна.

Брат му на Астрит Исени нема добиено сертификат за безбедност во МВР, Дритон Исени, поради поврзаност со исламски структури во Куманово. Зетот на Гаши е ИСИС, братот на заменик-МВР има поврзаност со исламски структури, Гаши држи обреди во Собрание и прв гостин на Гаши му е заменик министер за исламски прашања на Саудиска Арабија. Тој министер 20 држави го бараат за исламски радикализам, тој човек му подари на Гаши Куран.

Ќе фати ли некој да работи во државата? – прашува Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…