Поранешниот началник на СВР Велес: Велибор Маневски ни кажа каде е убиена Вања, а потоа и каде е убиен Панче

t

Во моментов во Кривичниот суд во Скопје се одвива судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во судот сведочи Ристо Самарџиев поарнешен началникна СВР Велес.

Ова е сведоштвото на Самрџиев пред судот:

ПРАШАЊА ОД ОБВИНИТЕЛСТВО

О – каде работите

– Ристе Самарџиев, поранашен началник во Велес

О – кога беше пријавата за исчезнувањето на Панче

– на 24ти, точниот час не го знам напамет, пријавата беше од неговата ќерка, во истиот момент е детектиран телефонот на Панче на бензинската пумпа Макпетрол во Велес, од моја страна се дадени иснтрукции за пронаоѓање на лицето

О- како го утврдивте моментот телефонот каде се наоѓа

– преку пријателска врска во А1

О – побаравте после тоа листинзи?

– Да, после тоа е направено регуларно се, ако се сеќавам добро и ќерката имаше пристап до Гугл акаунтот

О – за возилото какви сознанија имавте?

– Имавме сознанија дека ниту Панче, ниту возилото не е во Велес

О – какви дејствија преземавте?

– Со оглед на тоа што го имавме бројот на Панче каде зрачи локациски, службите ги насочивме на тоа подрачје, во врска со возилото пративме телеграма до сите единици, за ако биде пробајдено да бидеме известени. Тоа се првични дејствија преземени истиот ден. Баравме патарина, автопат, локални бензински пумпи, дали е излезено возилото од градот

О – велите сте го лоцирале телефонот, го земавте ли телефонот?

– Тоа е предел како дол во кој има капини од 2-3 метра, моравме со помош на Општина Велес, Комуналец да ја исчисти цела треба и дури после третиот ден го пронајдовме телеофнот на Панче во меѓувреме и снег имаше

О – Од камерите што заклучивте

– Имаше еден многу интересен момент, истата вечер, додека чекаме официјално да добиеме камери, пристапивме преку пријателски врски да погледнеме што има. На патарина има камери, имавме бензинска пумпа, таму се јавува возилото на Панче но на 21, на друга бензинска не се појавува и дури откога разбираме дека возилото е пронајдено запалено во Миладиновци, отидов во сејф сити лично јас во Скопје и побарав да видам дали евентуално возилото се движело надвор од скопје. Тука првпат гледам дека е излезен од Велес, тоа е стар систем и според сликите има возило што одговара на описот, има човек внатре и мислевме дека е жив.

Колегите од Скопје не известија дека возилото е пронајдено опожарено, заедно со доказниот материјал дека е собран и веќе сфативме дека можеби, т.е не можеби туку сигурно лицето е убиено.

О – во тој момент дали ви е познато возилото цитроен дека е поврзано со убиството?

– Телефонот и возилото ги поврзуваат двата случаи

О – со кој од обвинетите имавте контакт за да ве однесе на местото на настанот?

– Јас единствено со Велибор Маневски

О – како дознавте дека треба кај него да се оди, беше ли извршен претрес?

– Не известија колегите од Скопје, ние го спроведовме, имаше претрес но јас не бев лично, бев на друг претрес.

О – Кои дејстија ги преземавте во однос на Велибор?

– Колегите од скопје извршија разговор

О – како стигнавте до местото на настанот?

– Тој ни посочи, кажа дека они се виновници за убиството на Вања, прво кажа каде е убиена Вања, односно каде е закопана, после го прашавме за Панче, ни кажа и за Панче

О – како се движевте со возилата до местото на настанот?

– Со обезбедени полициски возила

О – тој ви кажуваше каде да се движите?

– да

О – како стигнавте до местото?

– По автопат стигнавме до месноста Кула, одите по земјен пат, местото кадешто е закопан Панче не можете да го најдете ако не ви посочи некој обраснато е со дрвја

О – што ви кажа?

– дека го закопале Панче

О – со кого го закопале?

– сите четворица, а Палевски пукал

О – колкава беше дупката?

– два-три мести, голема беше, викавме и пожарна за да го извадиме телото

О – ви кажа ли Велибор повеќе за дејствијата?

– само тоа што го кажав до сега

О – колкава екипа работевте на случајот?

– околу 20-30 инспектори

Aдвокат Јовица Страшевски, дел од одбраната на Љупчо Палевски Палчо:

А – кажавте дека е пронајдена чаура, дали имате сознание дека таа е извештачена?

– немам сознанија, обратете се до МВР

Љупчо Палевски Палчо:

П – спомнавте камери, дали вишиот инспектор стојан испрати службена белешка за тој чин, проверка на камери во хотел романтик?

– сигурно има направено но не знам дали е од Стојан

П – дали се три лица од две возила, како што стои во службената белешка, дали сте запознаен дека се констатирани три лица, а не четири?

О – приговарам, не се однесува тоа на изјавата на сведокот

– Не сум запознаен

Прашања од судија:

С- може ли да се сетите кој ден го пронајдовте телефонот на Панче?

– четири-пет дена после пријавувањето, но точно дата не знам

С – кој ден ја видовте снимката на бензинската пумпа во Велес?

– На 21 точи гориво, јас не сум ги гледал камерите, не знам кој ден се прегледани камерите, одма е пристапено кон прегледување на камерите, но не знам кој ден, колегите преземаа дејствија, јас не сум гледал ниту едни камери освен сејф сити кадешто мора да дојде началникот.

С – кога дознавте дека има поврзаност меѓу убиството на Панче и исчезнувањето на Вања?

– Денот кога побараа колегите од Скопје да ги лишиме од слобода Велибор и Видевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот началник на СВР Велес: Велибор Маневски…

Во моментов во Кривичниот суд во Скопје…

Либан: Градоначалникот на Набатие и уште пет…

Либанските власти денеска соопштија дека меѓу загинатите…

(Видео) СДСМ против етнички институции-советниците нема да…

„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во…

Украина бара членство во НАТО пред заминувањето…

Украина бара покана за членство во НАТО…

Дачиќ: Целта на Приштина е да го…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…