Поранешниот претседател на ДИК доби кривична: Дерковски без тендер извршил набавка за снабдување со електрична енергија
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија во период од јули 2018 година до јануари 2021 година, и против претседателот и двајца членови на комисија за јавни набавки на ДИК во 2019 година, поради злоупотреба на службена положба и фаворизирање на компании на тендери за јавни набавки. Во наведениот период претседател на ДИК беше Оливер Дерковски.
На Дерковски му се става на товар што како претседател на ДИК без да објави јавен оглас и без да спроведе јавна набавка, извршил набавка за снабдување со електрична енергија, услуги за одржување на хигиена и писмоносни услуги во внатрешен сообраќај и склучил договори со три економски оператори, на кој начин им овозможил вкупна корист од 2.8 милиони денари. Дерковски, како што велат од Управата за финансиска полиција склучил и анекс на договор за дополнителни количини на паравани за гласање, наменети за спроведување на вториот круг на гласањето за претседателски избори 2019 и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар, со вкупна вредност од 771.600,00 денари без да спроведе постапка за јавна набавка и без предходно да утврди дали има реална потреба за тоа, со што како што се тврди му овозможил на економскиот оператор да стекне добивка од 771.600,00 денари.
Понатаму се додава и дека Дерковски заедно со претседателот на комисијата за јавни набавки што тогаш ја формирале за надградба на постојните софтверски решенија во ДИК како и двајца членови на комисијата, донеле одлука за јавна набавка и ја одобриле тендерската документација за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија но со игри ги дискриминирале можните пријавени економски оператори овозможувајќи и само на една фирма да го добие тендерот за што имала добивка од 5 милиони денари.
Со таквиот начин на работа неколку фирми стекнале добивка од 8,6 милиони денари, соопштува финансиската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворски полицаец си даде отказ: Почнаа притисоци…
После четири години работа во Затворската полиција,…
Закерберг e трет најбогат човек во светот,…
Основачот на „Мета“ Марк Цукерберг го престигна…
Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…
Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…
Судијата Георгиев побара колегите да поседат во…
Врховниот судија Наке Георгиев, кој е во…
Тешка сообраќајна несреќа: Се судриле трактор и…
На 06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската…