Поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов денес го слави 63. роденден
На денешен ден, 2 мај, во 1960 година е роден поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Иванов е македонски политичар, универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година.
На функцијата стапи на 12 мај 2009 откако победи на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат беше избран во 2014 година. Претходно беше професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.
Иванов завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат.
Иванов магистрирал политички науки во 1994 година на темата „Цивилно општество – новите контрадикторности на старата расправа“. Во 1998 година докторирал на Правниот факултет во Скопје со одбрана на дисертацијата – „Демократијата во поделените општества, со посебен осврт на Република Македонија“.Неговиот докторат е насочен кон градењето демократија во поделени општества, конкретно обработувајќи го примерот на Република Македонија.
Својата академска кариера Иванов ја започнал во 1995 кога бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје. Бил асистент на професорот Љубомир Фрчкоски. Во 1998 бил избран за доцент на предметите политички теории и политичка филозофија. Во 1999 година бил избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на универзитетот во Атина.Од 2000 година станал член на Советот на директори на европските постдипломски студии за демократија и човекови права на универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на универзитетот во Сараево.Во 2001 година станал раководител на политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 бил избран за вонреден професор, а во 2008 за редовен професор. Од 2004 до 2008 бил продекан на Правниот факултет. Во 2008 година станал претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија.
На политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Иванов работел на претставување нови научни погледи на политиката меѓу своите студенти. Иванов бил раководител на ТЕМПУС – програмата на Европската Унија за Македонија, воведувајќи реформи во наставната програма и магистерски програми на англиски јазик по европски институции и политики, и политички менаџмент. Како професор престојувал и држел предавања на повеќе странски универзитети и учествувал во меѓународни проекти.
Професорот Иванов е меѓу соосновачите на првото македонско списание за политичка наука – Политичка мисла. Тој е основач и на првата политолошка струкова асоцијација во независна Македонија. Иванов е и еден од основачите на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество, реномиран аналитички центар во Македонија кој помогнал да се обликува македонската политичка сцена. Негов специфичен академски интерес е милет системот на Османлиското Царство. Иако никогаш не бил партиски член, професорот Ѓорге Иванов бил активен во формулирањето на реформската програма на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која го номинирала за претседателски кандидат на изборите во 2009 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…
Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…
Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75-тиот…
Трпезата за забавата беше дело на готварскиот…
Катица Јанева наполни 57 години во затворот…
На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева…
Чомовски, Тричковски и Иванов: Оркестрирано сите yдpија…
Никола Димитров си стави мета на грбот…
(Фото) Ахмети славеше роденден, еве каква торта…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денес го…