Поранешниот шеф на кабинет на Мицкоски и директор на Водовод мести тендер со европски пари од 160 милиони евра за ќерка фирма на ЕВН?!
Старите велат, дај му власт на човека и ќе видиш колку му е паметот. Оваа мудра народна дефиниција апсолутно е апликативна врз начинот на функциомирање на градоначалниците и кадарот на Христијан Мицкоски кој ја практицира локалната власт последниве 10-тина месеци.
Две компании ги исполнуваа условите за учество на тендерот за изградба на пречистителна станица која треба да прочисти над 90 проценти од отпадните води во Скопје, проект од над 136 милиони евра финансиран од средства на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.
Со ваквиот проект, метрополата конечно требаше се тргне од листата на неколкуте европски градови кои не ги третрираат отпадните води. Градоначалничката Арсовска во своите интервјуа потенцираше дека најважното е што граѓаните ќе имаат поздрава еколошка средина, а во Вардар наместо загадени како сега, ќе се влеваат прочистени води.
Три компании истакнале интерес за учество на тендерот за изградба на прочистителната станица, една француска компанија која по објавата не доставува понуда, турско-американски конзорциум и германска компанија со австриски капитал, фирма ќерка на за Македонија добро познатото ЕВН. Се работи за компанија „WTE“ фирма дел од групацијата ЕВН.
Проблемите во тендереската постапка започнуваат откако Водовод и канализација, чиј директор е Златко Перински кој беше своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одлучува низ тендерската постапка да ја дисквалификува турско-американскиот конзорциум, низ елиминација која не е третирана за неопходна ниту за ЕБОР, ниту пак Европската инвестициона банка а врзана за кредитен рејтинг за банката која ја издава банкараската гаранција за компаниите.
Она што е сомнително е што компанијата која Перински дефакто ја исклучува од надавањето нуди понуда која според неофицијални извори на Град Скопје ќе му заштеди неверојатни 20 милиони евра, за разлика од фирмата ќерка на ЕВН.
Крајно сомнително е што постојат и официјални дописи во кои се бара мислење од ЕБОР и Европската инвестициона банка за овој критериум на што тие немаат приговор, додека Перински ја игнорира целата процедура и работи тендерот да го добие фирмата ќерка на ЕВН.
Дополнителен сомнеж со фаворизирањето на компанијата ќерка на ЕВН предизвикуваат одличните бизнис-крими релации кои ги има актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со австриското ЕВН, релации кои во јавноста експлодираа со случајот „Делчевски ниви“, случај во кои неколкумина најблиски соработници на Христијан Мицкоски завршија во притвор.
Во случајот се обвинети двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски блиски пријатели на Мицкоски, заедно со купувачите и препродавачите на парцелите Дарко Тодоровски и Влатко Илиевски член на обезбедувањето на Мицкоски, како и Орце Тодоровски екс директор на штаб на ВМРО-ДПМНЕ во мандатот на Мицкоски.
Случајот е во фаза на истрага. Од она што досега е јавно познато, осомничените Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија Илиевски, сите од Делчево, добиле на подарок ниви од други лица, кои ги стекнале во сопственост на 1 септември 2021 година. Три недели подоцна, односно на 21 септември, парцелите чија вредност е
проценета од страна на општината на 20 денари за метар квадратен, се продадени на ЕВН Електрани и за повеќе од 800 денари за метар квадратен. Седумтемина од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани, објавија истражните органи. Според нив, тие успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.
Ваквата историја на актуелното раководство на партијата, како и поддршката која ЕВН Македонија ја има за Христијан Мицкоски во изминатите неколку години посочуваат на тоа дека со државни пари Перински се обидува да се оддолжи на австиската компанија.
Останува да видиме кои ќе бидат следните чекори на раководството на Градот и како ќе се справи со овој милионски криминал во најава.
Пишува: Александар Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…