Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците
Поголема група поранешни членови на приватната руска воена формација Вагнер почнала да тренира со специјалните сили од руската држава Чеченија, изјави денеска чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Кадиров на својот профил на Телеграм изјави дека голема група поранешни вагнерски борци минуваат низ интензивна обука со сопствените специјални сили „Ахмат“, пренесува Ројтерс.
Тој истакна дека борците кои се приклучиле на Ахмат имаат големо борбено искуство и дека се докажале „како храбри и ефикасни воини“.
„Уверен сум дека во претстојните битки тој целосно ќе ја оправда својата репутација“, напиша Кадиров, додавајќи дека обуката вклучува гаѓање, теренска медицинска помош и обука за снајперисти, митралези и артилерици.
Засега нема информации колку вагнерски борци учествувале на вежбите, ниту дали некој од нив ќе остане во Чеченија по завршувањето на обуката.
По смртта на сопственикот и лидер на Вагнер, Евгениј Пригожин, Кремљ ги отфрли како „апсолутни лаги“ сугестиите дека тој бил убиен по наредба на претседателот Владимир Путин да го казни за јунскиот бунт.
Русија допрва треба да ги објави резултатите од истрагата за авионската несреќа во која загина Пригожин, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…
Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…
Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…
Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците
Поголема група поранешни членови на приватната руска…
Песков: Вагнер повеќе не постои
Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит…
(Фото) Споменик на Вагнер се појави на…
На местото каде што загина основачот на…