Објавено на:

Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица – невреме и во Прилеп

t

Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица.

Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност, соопшти ЦУК.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сеуште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари загуби Пандов по падот на…

Меѓу функционерите од подолните ешалони, новопоставениот директор…

Опозицијата со ист став – Мицкоски има…

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски…

(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и…

Потресни објави на социјалните мрежи во кои…

Шојгу: За помалку од два месеци Украина…

Според податоците на Министерството за одбрана на…

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…