Портпаролката на Белата куќа ја критикуваше генерацијата „З“: Родени се со сребрена лажица во устата
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, остро ја критикуваше генерацијата З, оценувајќи дека на младите „сè им било сервирано“ и дека треба „да ги испратат во Куба или Иран“.
Во гостување на „Фокс њуз“, 27-годишната Левит рече дека нејзината генерација и помладите од неа пораснале „како да се родени со сребрена лажица во устата“.
„Сè им беше сервирано, а тоа не се вредностите врз кои е изградена оваа земја“, рече таа, додавајќи дека Америка е изградена врз меритократија, напорна работа и остварување на американскиот сон. Недостигот на работна етика кај младите Левит го припиша на „мрзеливоста“ и „либералната индоктринација“. „Испратете ги во Куба. Испратете ги во Иран. Брзо ќе посакаат да се вратат“, порача портпаролката на Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Портпаролката на Белата куќа ја критикуваше генерацијата…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, остро…
(Видео) Трет пожар во Штип, евакуирани работници…
Попладнево изби и трет пожар во Општина…
Пожар кој изби на штипскиот Исар ги…
Четири големи пожари денес беснеа на истокот.…
Можна е руска провокација, морничаво предупредување од…
САД ја предупредиле Полска дека Русија би…
Значи можело: Македонска фирма ќе исплати по…
Компанијата Стокомак соопшти дека и оваа година…