Портпаролката на руското МНР ги исмеа западните медиуми: Дајте ни распоред на нашите инвазии, да знаеме како да планираме одмор

Иако Западот, особено САД и Велика Британија, со денови инсистираа дека на 15 или 16 февруари ќе започне наводната руска инвазија на Украина, тоа не се случи, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова не ја пропушти можноста да го коментира тоа. со доза на иронија.
Таа утрово најпрво го објави следниов коментар на нејзиниот канал Телеграм:
– „Барање до медиумите на САД и Велика Британија – „Блумберг“, „Њујорк тајмс“ и „Сан“ – објавуваат графикон за нашите „инвазии“ за наредната година. Би сакале да планираме одмор“.
Во меѓувреме во официјална посета на Москва допатува и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.
Тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а најпрвин во Министерството за одбрана имаше средба со министерот Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…