Објавено на:

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин од подморница!

t

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин од подморница задржана кај Азорските Острови на пат кон Пиринејскиот Полуостров.

Трговците со дрога често користат пловни објекти, понекогаш наречени „подморници за дрога“, за да шверцуваат кокаин.

Бродот е заробен „во средината на Атлантскиот Океан, на повеќе од 900 километри“ јужно од португалскиот архипелаг Азори, се вели во соопштението на судската полиција.
Бродот што го користела меѓународна криминална група имал пет членови на екипажот.

Покрај португалската морнарица и воздухопловните сили, меѓународните партнери, вклучително и американската Агенција за борба против дрогата, Британската национална агенција за криминал и Шпанската цивилна гарда придонесоа за апсењето, соопшти полицијата.

Многу од таканаречените „подморници за дрога“ не можат целосно да се потопат како вистински подморници.

Поголемиот дел од кокаинот шверцуван во Португалија доаѓа по море од Латинска Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…

Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Грчките служби спречија пренесување на кокаин од…

„Kланот „Америка“ е најдолговечниот, веројатно најмоќниот, но…

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

На 14.09.2022 во 18.50 часот во Охрид,…