Поскапуваат дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.
Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бензините и дизелот повторно поскапуваат – ова…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Фич: Нафтата следната година може да порасне…
Конфликтот на Блискиот Исток се заканува дека…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци…
Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа…