Поскапуваат дизелот и бензинот

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782% .Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг. Од 28.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува ценaта на бензините и на…

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…

Од полноќ поевтинува дизелот

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…

Значително поскапување на дизелот по полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ…

Спречен обид за шверц на 50 тони…

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…