Поскапувањето не е само 9%? Граѓаните се жалат дека добиле астрономски сметки за струја

t

Новите повисоки сметки за струја веќе пристигнаа во сандучињата на граѓаните. Првите реакции на граѓаните се дека сметките се многу повисоки од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на крајот на ланската година кога објави дека електричната енергија ќе поскапи за 9,4 отсто. Граѓанските организации добиле огромен број на поплаки од граѓани кои во јануари добиле за над 50 отсто повисока сметка од онаа во декември. Граѓанските активисти сметаат дека државата мора да најде и други начини со кои ќе им го олесни плаќањето на сметките за струја на граѓаните.

„Еден од начините за кои редовно апелираме е да се укинат субвенциите на малите хидроелектрани. Сметаме дека тие се доста штетни и наместо да се даде допринос во зачувување на животната средина, тоа прави контра ефект. Еве, ако владата навистина сака да им помогне на граѓаните овие некои 3-4 проценти во сметките да ги намали односно да ги укине и сметките да се намалат“, изјави Маријан Ненов граѓански активист „Но пасеран“.

Од ЕВН Македонија велат дека во Скопскиот регион регистрирана е зголемена потрошувачка на електрична енергија поради догревање во деловите кои се снабдуваат со топлинска енергија. Повисоките сметки главно се поради повеќе потрошени киловат часови, а не од зголемувањето на цената на електричната енергија.

„ Во најголемиот дел се работи за точно потрошени киловат часови колку што е во сметката, а во некои случаи стануваше збор за проценета вредност поради непрочитано броило или порамнување од претходно непрочитан период. Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Истата може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец“, велат од ЕВН Македонија.

Од Министерството за економија соопштија дека до овој викенд пристигнати се 6 500 барања од ранливи категории на домаќинства за финансиска помош од државата за подмирување на сметките за електрична енергија.

„Формирани се пет комисии, кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе биде изготвена финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка“, велат од Министерство за економија.

Надлежните посочија дека зголемувањето на цената на струјата од речиси 10 отсто ќе важи во првите шест месеци од годинава. Доколку е потребна нова корекција ќе ги информираат граѓаните навремено. Се зависи од тоа како ќе се движат цените на светските берзи и каква ќе биде глобалната побарувачка на електричната енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУK: Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани на…

Денеска, во 16.15 часот од лицето за…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…