„Последниот добар меч на Ристовски беше кога Македонија не беше ‘северна’“

t

Хрватскиот фудбалски аналитичар, Јошко Јеличиќ го искритикува Стефан Ристовски откако Македонецот се лутеше поради тоа што беше заменет на мечот со Шибеник.

Кога Канаваро реши да го изведи од игра Ристовски, македонскиот фудбалер беше видно незадоволен, шутна и едно шише. Поради неговиот гест беше тема во хрватските медиуми, а критичарот Јошко Јеличиќ беше прилично остар кон Македонецот.

„Стефан Ристовски на 12 февруари полни 33 години и два години е помал од мојот син. Па можам нешто да му кажам како татко. Ристовски со право е сенатор во соблекувалната на Динамо. Многу освои со Динамо, но неговата последна добра игра беше кога не постоеше Северна Македонија, поточно кога беше само Македонија. Се разбира, карикирам. Беше капитен против Шибеник. Излегува и го шутира шишето затоа што не бил задоволен. Зборував колку е важно овие искусни фудбалери да не бидат незадоволни и кога не играат бидејќи Динамо има огромна широчина во составот. Од друга страна, може да биде пример особено што во соблекувалната на Динамо има повеќе странци од Волт Хрватска. Замислете Пјаца кој има име и презиме да реагира така кога излегувал или Кордоба кој е странец. За среќа Канаваро тоа го канализираше на хумористичен начин и сето тоа го претвори во шега. Драг Стефан, не го прави тоа, особено што ти истекува договорот и веќе не си на тоа ниво. Имаш 33 години и конкуренција од Пјер Габриел и Мохарами кои се помлади и побрзо од тебе“, рече Јеличиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…