После можеби: Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.
На прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот кусо одговори: „Не“.
Премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено. – Односите во Владата се коалициски одлични, рече Мицкоски.
Изминатите денови дел од медиумите објавија за превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и напуштањето на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата „Вреди“ денеска во изјава за медиумите прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.
Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Влен е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Влен ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.
Таравари најави дека во врска со превирањата ќе одговора на новинарски прашања околу 13 часот.
Викендот, Таравари пред почетокот на партиското Собрание што се одржа во Гостивар, рече дека Алијанса за Албанците е дел од коалицијата „Вреди“ и дека ќе се трудат до крај да најдат решение, ако не, сами ќе одат на избори. Таравари децидно негираше можно коалицирање со поранешниот сопартиец Зијадин Села.
FacebookTwitterCopy LinkShare
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
После можеби: Нема реконструкција на Владата пред…
Владата нема да се реконструира пред локалните…
Грабнување во Берово: Ја земале вонбрачната сопруга…
На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско…
САД воведе царини за Македонија – Мицкоски:…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција…
Загинатото девојче имало 3 години, повредени нејзината…
Три години имала малолетничката која загина во…
Идниот германски канцелар за падот на берзите:…
Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој…