После осум години, Вардар ќе игра полуфинале во македонскиот Куп

t

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се пласира во полуфинале на македонскиот Куп, откако триумфираше со 1-0 против Силекс.

Првото полувреме го одбележаа неколку шанси, меѓутоа мрежите останаа да мируваат, по што возбудувањата продолжија и во вторите 45 минути. Најсериозни во нападот беа Босанчиќ и Дианесу, меѓутоа Божиновски ја зачува својата мрежа недопрена.

Силекс се закани уште на почетокот на вториот дел, но голманот на Вардар беше на висина на задачата во 47. минута. Потоа Роџерс од огромна далечина испрати удар кон голот на Силекс, во обид да го изненади противничкиот чувар на мрежата, меѓутоа топката заврши во гол-аут.

„Црвено-црните“ до водство стигнаа во 68. минута, по една голема мешаница во казнениот простор на тимот од Кратово. По одличната интервенција на гостинскиот голман, топката стигна до Донгмо кој ја затресе мрежата на Силекс.

Пласман во полуфинале остварија и Струга ТЛ со победа од 1-0 против Гостивар, како и Шкендија со триумфот против Детонит Плачковица со 1-0, додека Брера Струмица преку пенали го елиминира Арсими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Трамп не се шегува за Гренланд,…

Рускиот претседател Владимир Путин за време на…

СДСМ ќе ги искористи сите механизми во…

СДСМ ќе ги искористи сите механизми во…

Левица: Од 13 само две дискотеки во…

На територијата на Град Скопје од 13…

Речиси сите скопски ноќни клубови не ги…

Деновиве повеќе ноќни клубови во Скопје се…

Ватикан: Папата продолжува да управува со црквата,…

Папата Франциск ќе продолжи да ја води…