Објавено на:

После руските напади многу делови од Украина останаа без струја

t

Нема да има струја во повеќе региони на Украина денеска и тоа во времетраење меѓу 8 и 16 часа, соопшти државниот оператор на преносниот систем Укренерго, откако руските напади насочени кон енергетската инфраструктура го намалија производствениот капацитет на земјата речиси на нула.

Москва, која ги ескалираше нападите врз инфраструктурата на Украина во последните месеци, лансираше стотици дронови кон енергетските објекти низ целата земја во петокот и вчера, при што загинаа најмалку седум лица, според украинските власти.

Киев, Днепропетровск, Донецк, Харков, Полтава, Чернигив и Суми, би можеле да продолжат да доживуваат редовни прекини на електричната енергија, изјави украинскиот министер за енергија.

„Непријателот нанесе масивен удар со балистички ракети, кои се исклучително тешки за соборување. Тешко е да се сетиме на толку голем број директни напади врз енергетски објекти од почетокот на инвазијата“, изјави Свитлана Гринчук за локалниот радиодифузер „Јунајтед њуз“.

Експертите рекоа дека нападите врз енергетската инфраструктура ја доведоа Украина во опасност од прекини во греењето пред зимата. Русија ја таргетираше електричната и топлинската мрежа во текот на речиси четиригодишната инвазија, уништувајќи голем дел од клучната цивилна инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После руските напади многу делови од Украина…

Нема да има струја во повеќе региони…

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците…

Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз…

Украинската војска објави видео: Руските постројки за…

Специјалните оперативни сили на вооружените сили на…

Трамп: Нема мировен договор ама имаме значаен…

Иако сè уште не е постигнат мировен…

Зеленски потпиша нов пакет санкции за Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша неколку…