Поставена бомба пронајдена во автомобил на Бит Пазар – сопственикот претходно добил закана!
Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.
Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.
Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за скопјанецот кој се обиде да…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(37)…
Поставена бомба пронајдена во автомобил на Бит…
Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР…
Хрка се разболи и имунитетот ѝ се…
Мајката на Стефан Хрка кој загина при…
Новиот скопски градоначалник, Ѓорѓиевски, најави акција за…
Орце Ѓорѓиевски, кој во неделата победи во…
ВМРО-ДПМНЕ го омаловажи извештајот на ЕК како…
По објавата на годишниот извештај на Европската…