Постоела тajна комуникација помеѓу Боки и Забрчанец? – Чиста пpoпаганда, му испpaќал вести и насоки за работата на 1ТВ
Имало ли тајна комуникација меѓу Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Марјан Забрчанец, првиот човек на Зоран Заев и Национален координатор и стратег за комуникации на Владата? Вака стои во долгото писмото кое вчера Боки му го упати на Заев, а кое утринава предизвика нови недоумици.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција утринава се повика на писмото и го обвини Забрчанец дека бил во редовна комуникација со Боки, а подоцна Забрчанец ги отфрли обвинувањата како неточни и додаде дека „ВМРО-ДПМНЕ станала мегафон на Боки 13“.
„Почитувани,
Вчера Бојан Јовановски, сопственик на медиум, според Зоран Заев провладин медиум, директно (во писмото) го именуваше Марјан Забрчанец, пет години главниот човек на Заев за владината пропаганда, дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски – „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер“, обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДМНЕ и додаде:
„Бојан Јовановски да потсетам беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам – „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за повторно ќе цитирам – „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“.
Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на, според (зборовите на) Зоран Заев, провладина телевизија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На оваа прозивка, остро реагираше Марјан Забрчанец. Еве што рече тој:
„Ги отфрлам како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно управување или контролирање новинари или медиуми, вели националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец во реакција на прес-конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој го обвини дека „пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, сопственост на Бојан Јовановски“.
– Како одговорен за комуникации и односи со јавноста во Владата имам обврска да бидам во дневен контакт со новинари, медиумски работници, уредници и одговорни лица во медиумите. Тоа е суштината на професијата односи со јавноста, наведува Забрчанец во реакцијата објавена на неговиот фејсбук-профил.
Забрчанец потенцираше и дека со Бојан Јовановски комуницирал исклучиво службено и професионално, информирајќи го за активностите на Владата и „одговарајќи на барањата на медиумот што го раководеше за интервјуа со премиерот Заев и со други претставници на Владата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БНТ шири пропаганда и територијален иредентизам –…
Договореното меѓу Скопје и Софија, заради подобро…
Бугарската пропаганда ќе оперира директно од Скопје:…
Бугарска телеграфска агенција отвори свој прес-клуб во…
Бугарската пропаганда не препознава ковид карантин: Радев…
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе…
Изpaелски експерт по микpoбиологија и имунологија pacпали:…
Професорот Ехуд Кимрон, раководител на Катедрата за…
Постоела тajна комуникација помеѓу Боки и Забрчанец?…
Имало ли тајна комуникација меѓу Бојан Јовановски,…