Објавено на:

Потврдени се 13 загинати во поплавите во Босна

t

Портпаролот на Херцеговско-неретванскиот кантон Дарко Јука денеска потврди дека 13 лица загинале како последица од уривањето на ридот, лизгање на земјиштето, свлечишта и поплави во тој кантон, јавува Анадолу. На прес-конференција во седиштето на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон во Мостар, Јука зборуваше за нови информации за последиците од природните катастрофи во Јабланица и Коњиќ.

-Двапати биле пријавени три тела. Вчера беше спомната бројката од 16, која исто така ја презентиравме, меѓутоа, по собирањето на податоците и по консолидирањето на состојбата на терен, утврдено е дека три тела двапати биле пријавени од различни служби, па сега таа бројка е корегирана до бројката од 13, од кои едно лице починало на подрачјето на Коњиќ, поточно од Бутуровиќ Поље.

Дванаесет лица загинаа од Јабланица, претежно од Доња Јабланица. Од 12 загинати во Јабланица досега се идентификувани 11, идентитетот на едно лице е непознат и се наведува како Н.Н., а се претпоставува дека не е жител на Јабланица, бидејќи се обидуваме да ги идентификуваме жртвите во соработка со мештаните – рече Јука.

Тој додаде дека во моментов трагаат по четири лица во Коњиќ, а шест лица во Јабланица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдени се 13 загинати во поплавите во…

Портпаролот на Херцеговско-неретванскиот кантон Дарко Јука денеска…

Свештеник за поплавите во Босна: Несреќа од…

Од сите места погодени од поплави и…

Трка за пронаоѓање на преживеани по катасрофалните…

По катасрофалните поплави коишто ја погодија Босна…

Армијата во Албанија на терен поради невремето:…

Невремето, пропратено со необичен интензитет на врнежи…

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку „X“ испрати…