Потврдено: Украдени солзавци и шок бомби од магацин на полицијата
Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.
Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.
– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување – изјави Димоски.
Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во источна Македонија: Загина старец кој…
На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР…
Штабци ги ставиле директори на Национален парк,…
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во…
Кремљ: Не е исклучен обид за „обоена…
Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста…
Европскиот фронт слави: Одлуката на Уставниот суд…
Коалицијата „Европски фронт“ ја оценува како огромен…
(Видео) Чудата на Битпазарската архитектура
Одлично натакнат објект, огромен во својот габарит,…