Потврдено присуство на жива и сребро во каналот кај Таор со бела пена од ноември
По испитувањето на мострите земени од површинската вода во одводниот канал кај селото Таор, Институтот за јавно здравје потврди присуство на жива и сребро, објави СДК. Анализите биле направени по барање на АД „Водостопанство“, откако на 21 ноември минатата година од истиот канал се појави бела пена, што предизвика сомнежи за загадување.
Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека при контролите е утврден зголемен број на термотолерантни колиформни бактерии, како и зголемени концентрации на жива и нитрити изразени како азот, при што е регистрирано и присуство на сребро. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат континуирано следење на нивото на жива, која претставува сериозна опасност за рибниот фонд и за здравјето на луѓето доколку се консумира загадена риба.
Инспекторатот посочува дека во одводниот канал се слеваат отпадните води од општините Гази Баба, Илинден, Арачиново и Петровец, при што дополнителен проблем претставува фактот што Скопје сè уште нема пречистителна станица за третман на отпадни води.
Според евиденцијата на Државниот инспекторат за животна средина, инцидентот е поврзан со активирањето на пумпите за отпадни води од системот на Скопско Поле, по што визуелно било утврдено можно сериозно хемиско загадување на реката Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потврдено присуство на жива и сребро во…
По испитувањето на мострите земени од површинската…
ЕСМ бара 33 илјади тони мазут за…
ЕСМ бара 33,6 милиони килограми мазут за…
Филков за случајот со судијата Ристов –…
Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра…
Протест на „Макам-транс“ на граничните премини, товарниот…
Министерството за внатрешни работи – Оддел за…
Николоски: Новите правила за транспортерите можат целосно…
Година дена алармираме за проблемот со транспортерите…