Потврден идентитетот на планинарoт кој починал од срцев удар на Пелистер
„На 19.11.2023 година во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на местото викано „Љубовница“ на Баба Планина било пронајдено починато лице.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Битола при што било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинската група која се движела кон Пелистер.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицина помощ Битола. На местото на увидот, увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е испратено на обдукција“, соопшти МВР.
Сппоред последните информации, тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.
Надлежните велат дека станува збор за искусен планинар а пријателите со кои бил, први побарале помош. Тие се наоѓале на надморска висина од околу 2.000 метри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…