Потврден прв случај на кракен во Црна Гора
Црногорскиот институт за јавно здравје денес во соопшти дека во земјата е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон БА.2, кој во медиумите е познат како „кракен“.
Како што наведуваат, Црна Гора на тој начин се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на овој високозаразен сој.
“Европските земји кои досега пријавиле случаи на инфекции со подваријантата на омикрон се Велика Британија, Данска, Франција, Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Исланд, Белгија, Чешка и Португалија“, велат црногорските епидемиолози.
Тие во соопштението потсетуваат дека новиот поттип на омикрон е создадена со комбинирање на две други подваријанти на овој сој и дека за прв пат е регистрирана во јуни во Соединетите Американски Држави, каде што моментално доминантно циркулира.
Тие исто така предупредија дека еволуцијата на коронавирусот продолжува во насока на создавање подваријанти кои полесно се пренесуваат и го повикаа населението да се вакцинира бидејќи, како што тврдат, уредно вакцинираните лица имаат поблага клиничка слика и поповолен исходот на болеста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина пациентот на кој за прв пат…
Првиот пациент во светот на кој му…
Потврден прв случај на кракен во Црна…
Црногорскиот институт за јавно здравје денес во…
XBB.1.5: Што се треба да знаете за…
Додека повеќето од нас повеќе би сакале…
ЕУ препорачува вакцинација против Омикрон за ризичните…
Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон…
Американската ФДА одобри нова вакцина против Ковид-19,…
Американската Агенција за заштита од заразни болести…