Објавено на:

Потпретседателот на ЕК со поддршка за Грција: „Северна“ Македонија е името за внатрешна и надворешна употреба, не ја балканизирајте Европа!

t

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас за грчките медиуми ги коментирал последиците од евентуално непочитување на Договорот од Преспа. Схинас за медиумите од Солун говорел за „однесувањето на новото политичко раководство во Скопје“. Тој порачал дека е потребна итна „европеизација на Балканот, а не балканизација на Европа“.

Посочил дека „првите изјави на новото политичко раководство на Република Северна Македонија создадоа политички и правен случај“.

Според Схинас, ниту една европска земја не би поддржала асоцијација во Европската унија на земја која всушност отстапува од меѓународните обврски и создава тензии со соседните земји кои се веќе членки на ЕУ.

„Република Северна Македонија е името прифатено за употреба, како во земјата, така и за меѓународните односи“, рекол Схинас.

Во принцип, тој целосно го поддржал ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „европскиот пат на Скопје оди преку целосно почитување на Договорот од Преспа“, нагласуваат политичките аналитичари во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…