Потпретседателот на ССМ: Пратениче Бране, ги опљачкавте граѓаните по сите параметри, а сега без срам велите дека 500 евра минимална плата е многу

Иван Пешевски, потпреседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), жестоко одговори на реакцијата на пратеникот Бране Петрушевски, во која тој критички се изрази за платите на синдикалците и нивните барања. Пешевски на својот Фејсбук профил напиша дека синдикалците се финансираат од синдикалната членарина, а не од буџетот, како што е случај со пратениците.
„Пратениче Бране, синдикалците се финансираат од членарината на синдикатите и платата што ја утврдуваат органите на синдикатот, за разлика од тебе, кој земаш пари од буџетот. Ги опљачкавте граѓаните по сите параметри, а уште без срам велите дека 500 евра минимална плата е многу. Убедливо сме последни во Европа“, напиша Пешевски.
Тој исто така напомена дека минималната плата од 500 евра не е доволна за живот, туку е само основа за пресметка на останатите плати. Според него, работниците не треба да бидат толку слабо платени, особено во јавниот сектор.
„Цела младина се отсели поради тие мизерни плати и немање услови за живот. Ветувавте подобра иднина за младите. Каква иднина со 400 евра плата, Бране!?“, додаде Пешевски.
Тој исто така го повика Бране да ги открие своите месечни примања пред да критикува туѓи.
„Се гледаме на 02.04.2025 во 12:05 часот пред Сојуз на синдикатите на Македонија. Да живее работничката класа!“ заврши Пешевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потпретседателот на ССМ: Пратениче Бране, ги опљачкавте…
Иван Пешевски, потпреседател на Сојузот на синдикатите…
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во…
Блокадите во Србија ќе завршат на единствениот…
МЗ: Нема промена во бројот на хоспитализирани…
Министерството за здравство информира дека од вчера…
Приведен 23-годишен скопјанец: Од возило во движење…
На 30.03.2025 околу 08.00 во часот во…
(Фото) Османи во посета на семејството на…
Бујар Османи, потпреседател на ДУИ, сподели емотивна…