Потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики продолжува со дронови и куче трагач
Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.
Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на ОФКАТХ како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле.
Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите.
Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.
Капетанијата на пристаништата ги продолжува увидите за лоцирање на 31-годишникот со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.
Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува страшната мака што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од семејството на 31-годишниот.
Меѓу другото, тој се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите на ОФКАТХ за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиот 31-годишен брат.
„Мајка ми, нашето семејство и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив“, вели братот на 31-годишниот, повикувајќи да продолжи истрагата, која вчера заврши без успех иако со подводен дрон се пребаруваше морското дно.
„Овде и толку денови минуваме низ навистина многу тежок период кој не се опишува со зборови, но имаме надеж дека нашиот Мартин на крајот ќе биде пронајден жив и здрав“, велат роднините на момчето.
Тие апелираат до сите надлежни власти во Грција да не ја прекинуваат потрагата, додека со растреперен глас опишуваат дека Мартин е добро и фино дете кое штотуку заминало на одмор со другарите во Грција.
Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот сакан Мартин.
Претходно мајката апелираше да се лоцира нејзиниот син. „Ве молам, најдете го мојот син. Направете што можете, ве молам!“, рече таа со солзи во очите.
Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во поширокото море во Посеиди продолжуви и вчера, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски олимпиец заедно со Македонец и Црногорец…
Бугарскиот олимписки шампион во кревање тегови Галабин…
Македонец на докторски студии по физика во…
Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…
Македонец и Србин уапсени во Виена со…
Истрагите на виенската работна група за борба…
Да му помогнеме на малиот Мартин кој…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Македонецот Дамјан пеш отиде до Острог!
Дамјан Марковски, момчето кое одлучи да пешачи…