Потресно сведоштво на син чија мајка починала од карцином: Во приватна болница, наместо аналгетици ѝ ставиле само физиолошки за да проверат дали навистина има болки!
Дарјан Петров, актер кој потекнува од медицинско семејство, чија мајка докторка починала од карцином на дојка, денеска пред пратениците кои се дел од Анкетната комисија за скандалот Онкологија објасни низ каква голгота поминало неговото семејство.
-Во 2015 година од медицинските кругови добивме информација по секоја цена да ја избегнеме хемотерапијата која се дава на Онкологија поради неквалитет. Подоцна, во 2019, ја купувавме терапијата од странство, од Франција а во Македонија само ѝ беше аплицирана бидејќи на клиниката ја немаше, рече меѓу другото Петров.
Тој истакна дека доктор Џозеф Глигоров од Париз се јавувал на Клиниката за онкологија, за на пациентката да ѝ се обезбеди терапија која ѝ следувала, зашто претходно ѝ кажувале дека ја нема.
-Нему не смееа да му речат не. Тоа беше разликата, а претходно имаше информација дека ја нема, рече Петров.
На приватна клиника во екот на пандемијата со коронавирусот, во 2020 година, Петров сведочеше дека се случило нешто скандалозно со неговата мајка.
-Кога беше мајка ми во терминална фаза, колапсот на вредносниот систем не дехуманизираше. Една вечер за преноќување со физиолошки раствор и аналгетици, во приватната болница беше две илјади евра од вечер, сума непоимлива за нас. Затоа одевме дома па се враќавме само на инфузија без преноќување. Бевме упорни како семејство, гледавме да направиме се како што можевме. Еден ден, ми се јави онкологот лично за индиректно да ми каже дека мајка ми е во терминална фаза и нема што да се прави со неа. И додаде дека утрото кога мајка ми се жалела на болки, ѝ дале само физиолошки раствор, без аналгетици, да видат дали стварно се жали на болки или не. За мене е шок да се каже такво нешто на семејство кое се бори. Дека тие проверувале дали мајка ми има болки или не, истакна Петров.
Петров упати порака за претворање на злото во добро, преземање на лична одговорност на сите инволвирани во системот, борба со моралниот колапс на вредностите и трката за пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…