Потрошувачите и транспортерите бараат мерки веднаш – ДПИ: Нема драстични покачувања, цените се стабилни
Да не чекаме ценовниот шок од горивата да се прелее врз цените во маркетите, туку владата веднаш да интервенира со мерки за да се спречи нов ценовен удар врз стандардот на граѓаните – апелираат од Организацијата на потрошувачи и транспортерите. За состојбата да не ескалира, од ОПМ покрај намалување на акцизите и ДДВ-то за горивата, бараат веднаш и мерки за ограничување на маржите и ограничување на максимални на цените на основните прехранбени производи. Реакциите доаѓаат откако цените на некои од основните прехранбени производи, како маслото и јајцата во еден ден, се зголемија за 10 и повеќе проценти, а од владата сè уште нема конкретни мерки.
„Ситуацијата на Блискиот исток не се значи смирува и очекуваме дека тоа ќе има големо влијание. Затоа на стандардот на граѓаните треба многу да се внимава и тие мерки кои што претходно ги предложуваше владата како нели маржата намалување, барем на основните производи, иако сме свесни дека тие веднаш трговците и дистрибутерите ќе ги покачат цените на другите производи што не припаѓаат во потрошувачката кошница, меѓутоа сепак е многу битно да основните цени останат стабилни“, изјави Маријана Лончар од Организацијата на потрошувачи.
Транспортерите поднеле барања до Владата за мерки веднаш. Велат има притисок од компаниите да ги покачат цените за транспорт, но се зависи од понудата и побарувачката.
„Они сакаат да ги покачат кој не сака да покачи кога трошоците му се зголемуваат. Затоа ние како асоцијација од своја страна бараме пак државата да реагира за да се намалат трошоците за да можеме да го поднесеме порастот на цената на горивото“, вели Билјана Муратовска од Макам-транс.
Од пазарниот инспекторат уверуваат дека нивните контроли покажале дека цените се стабилни. Имало покачување само на цените на маслото и јајцата, но од оправдани причини, поради раст на цените на маслото на берзите и на цените на храната за кокошките.
„Маслото е берзански производ и на берзите е покачено 15 проценти и кај нас е забележано покачување од 3 до 5 денари. За јајцата призводителите се жалат на покачување на храната, сојата за 100 – 150 проценти е покачена, а пченката 100 проценти – сега кај нас е просекот 10 денари јајце. Компаративните анализи покажуваат дека цените пак кај нас се пониски од 10 до 20 проценти за тие производи во однос на Хрватска, Србија, Бугарија, па и Косово.“, рече директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.
И додека сите земји од регионот веднаш презедоа мерки за ударот од растот на цените на горивата да не ја подгрее инфлацијата, нашата Влада најави дека размислува за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потрошувачите и транспортерите бараат мерки веднаш –…
Да не чекаме ценовниот шок од горивата…
Белата куќа соопшти дека Кина се согласила…
Белата куќа денеска соопшти дека Кина се…
Пожарот на УСС Џералд Р. Форд траел…
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р.…
ОН се подготвува за „најлошото сценарио“ за…
Обединетите нации се подготвуваат за нуклеарна катастрофа…
Пратениците сметаат дека нема потреба од алки…
Мнозинството пратеници во Собранието денеска не го…