Почесна стрелба за 8 Септември
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Пробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот војниците ќе истрелаат уште десет плотуни од шест артилериски орудија.
„Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември“, информираа од Генералштабот на Армијата.