Почивајте во мир: 11 години од убиствата кај Смилковското Езеро

t

Денеска се навршуваат единаесет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско Езеро во атарот на село Смилковци, Скопје.

Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор.

Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор…

Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот…

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…

„Толку мало дете, а толку страшен план…

Помина една година од масовното пукање во…