Почина жената која беше турната од трет кат на зграда во Охрид
Почина жената која неодамна беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.
Настанот се случи на 8-ми март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…
Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…
Пред околу час и половина во стариот…
Пожар опасно се приближува до „Јасен“!
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…
Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…
Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…