Почина Кане Танака: Најстрариот човек на светот не успеа да наполни 120 години

t

Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да се потврди нејзиниот рекорд како најстар жив човек.

На Твитер за нејзината смрт, Гинисовата книга на рекорди напиша:
– Таа стана најстарата жива личност во јануари 2019 година на возраст од 116 години и 28 дена, соопшти на Твитер Гинисовата книга на рекорди.

Танака е втората најстара личност што е регистрирана, зад Жан Калмент која живеела 122 години.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина првиот човек во светот кој доби…

Ричард Слејман (62) беше подложен на трансплантација…

Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони

Научници од институт во кинескиот град Гуангжу…

Трагедија во Велес: Човек изгоре во пожар…

Во опожарена куќа на улицата „Васа Кошулчева“…

(Видео) Потрошил 13.000 фунти за да личи…

На својата животна желба, а тоа е…

Одвратно: Мексикански картел објави снимка на која…

Мексиканскиот картел на новата генерација Халиско, познат…