Почина кумановец – му се слошило додека возел и излетал од пат
МВР информира дека вчера попладне околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.
-Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата – информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина кумановец – му се слошило додека…
МВР информира дека вчера попладне околу 17:00…
Ограбена обложувалница и обид за грабеж во…
На 21.03.2026 околу 21:21 часот во СВР…
Две тела предадени на обдукција, се истражува…
Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје,…
Починато 18- годишно момче било донесено во…
Од МВР информираат дека во болницата во…
Штипјанец возел 105 км/час во населено место!
Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар…