Почина легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали
Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали почина на 58-годишна возраст, по неколкугодишна борба со рак на панкреасот.
На поранешниот напаѓач на бројни европски клубови му беше дијагностициран рак во 2017 година и оттогаш неговата борба со порочната болест трае.
За жал, на 6 јануари 2023 година ја загуби битката на својот живот. Иако пред три години се пишуваше и зборуваше дека Џанлука ја победил злобната болест.
Италијанскиот фудбалер кој се прослави носејќи ги дресовите на Јувентус, Челзи и Сампдорија беше во стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација каде ја имаше улогата на негов помошник, но поради болест се повлече.