Објавено на:

Почина легендарниот хрватски композитор и диригент Стипица Калоѓера

t

Еден од најзначајните хрватски композитори, аранжери, продуценти и диригенти Стјепан Стипица Калоѓера, почина на 90-годишна возраст.

Веста дека починал Стјепан Стипица Калоѓера ја потврдија и од Хрватското друштво на композитори, а открија дека угледниот музичар починал пред неколку дена.

Стјепан Стипица Калоѓера, роден на 24 мај 1934 година во Белград, е истакнат хрватски композитор, аранжер, диригент и продуцент. Со музика почнал да се занимава на шестгодишна возраст, учејќи виолина во музичкото училиште „Ватрослав Лисински“, а подоцна и труба и пијано. Од 1948 до 1952 година го посетувал Музичкото училиште на загрепскиот конзерваториум, по што се запишал на студии по медицина  на Медицинскиот факултет во Загреб, каде што докторирал во 1962 година.

Калоѓера е автор на музиката за два мјузикли, „О’Кај“ и „Кај20“, кои со успех се изведуваа во загрепскиот театар „Комедија“. Тој исто така пишувал музика за анимирани филмови и ТВ-серии. Како диригент и аранжер настапувал на Евровизија во 1995 година со групата „Магазин“ и во 1998 година со Данијела Мартиновиќ. Учествувал на Фестивалот на забавна музика Сплит, првично како композитор и аранжер, а од 1980-тите како главен диригент.

Тој компонирал околу 70 забавни песни.

Во текот на кариерата освоил бројни награди, меѓу кои и наградата „Порин“ за дискографија: во 1993 година како најдобар аранжер за песната „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ, како и заедно со Арсен Дедиќ како најдобар продуцент за албумот „Тихи обрт“, во 1998 година, исто така како најдобар продуцент со Арсен Дедиќ за албумот „Министарство“, а во 2010 година е награден со „Порин“ за животно дело.

Иако семејството Калоѓера е од Корчула, Стјепан е роден во Белград, каде што неговиот татко Нико предавал географија и историја во една белградска гимназија во 1930-тите.

Инаку, Стјепан Стипица Калоѓера беше сопруг на Габи Новак. Бракот на Габи со Стипица траел до 1970 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ