Почина Метју Пери, sвездата на популарната ТВ-серија Friends

t

Ѕвездата на популарната ТВ-серија Friends, Метју Пери, почина на 54-годишна возраст.

Според Daily Mail, неговото тело било пронајдено во џакузито во неговиот дом. Според TMZ, актерот починал во својот дом по одредени спортски активности. Имено, изворите рекоа дека Пери во текот на утрото играл пиклбол.

Потоа го испратил асистентот да му ги заврши некои обврски, а кога се вратил околу два часа подоцна, го нашол Пери мртов и повикал 911. Не е познато што правел Пери пред неговата смрт и истрагата е во тек.

Околу неговиот дом имаше полициски кордон, а над него летаа хеликоптери. Во полиција се појавила и неговата мајка Сузан, а странските медиуми јавуваат дека во негова близина не била пронајдена наркотици од која Пери бил зависник со години.

Се прослави со улогата на Чендлер Бинг
„Длабоко сме тажни поради смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Неговиот талент за комедија имаше влијание ширум светот и неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога срцата ни се скршени. Испраќаме љубов до неговото семејство, најблиските и неговите фанови“, изјавија од Warner Bros, студиото што ја продуцираше серијата Friends, која го прослави Пери со улогата на Чендлер.

Пери беше најпознат по неговата долгогодишна улога на Чендлер Бинг во серијата Friends, која се емитуваше 10 сезони на NBC од 1994 до 2004 година и сè уште е многу популарна денес. Во серијата глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Лиза Кудроу.

Во серијата тој го играше симпатичниот и малку несигурен Чендлер Бинг, економист со најдосадната работа на светот. Всушност, до крајот на серијата никој не знаеше што точно работи. Чендлер Бинг се бранеше со постојан сарказам и иронија од несигурност во односот со светот, особено со жените, и во постојаната сенка на неговиот цимер, симпатичниот заводник Џои (Мет Лебланк). Ова се и некои од најдобрите моменти од серијата. Во серијата, Чендлер на крајот се ожени со Моника Гелер (Кортини Кокс), долгогодишна пријателка и сосетка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…

Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…