Почина Панчо Минов – поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

t

Почина Панчо Минов, еден од најистакнатите политичари и правници, кој остави неизбришлива трага како дел од првиот парламентарен состав што ја донесе одлуката за независна Република Македонија. Минов беше пратеник во четири мандати и градоначалник на Кавадарци во два мандати.

Во текот на својата долга и богата политичка кариера, тој се бореше за правда и демократија, учествувајќи во донесувањето на важни законски и државотворни решенија. Јавноста ќе го памети како глас кој беше „стожер за обесправените, особено за земјоделците и обичниот човек“.

Веста на социјалните мрежи ја објави поранешниот минитсер за внатрешни работи Оливер Спасовски – „Со тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и уважен човек.

Ќе го паметиме по неговата посветеност и човечност. Сочувство до семејството и сите негови пријатели. Нека Господ му подари вечен мир, а на неговите најблиски утеха и сила.“ – пишува во објавата на Спасовски

Како градоначалник на Кавадарци, тој инспирираше визија за развој базирана на идеалите на соживот, почит и солидарност, која ја надминуваше секојдневната политика. Опишан е како пример за јавен службеник со интегритет, знаење и човечност, вистински претставник на народот и „животен творец на историјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Панчо Минов – поранешен пратеник и…

Почина Панчо Минов, еден од најистакнатите политичари…

Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…

Пет лица се уапсени во Еквадор поради…

Осуденик без една нога го сместиле на…

Осуденик со инвалидитет долго време се качувал…

Нетанјаху: Кој и да крене рака против…

Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз…

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските…