Почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом – Скопје“ Виктор Исјановски
Тажна вест во македонската здравствена фела се прошири попладнево. Почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом – Скопје“ Виктор Исјановски.
Неофицијално, починал во Грција каде што престојувал на летување.
Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава од јуни 2019 година до 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите расположливи ресурси беше ставен во функција на борбата со Ковид-19, особено во процесот на масовна вакцинација.
Од него се простија и од партијата СДСМ каде што тој беше истакнат член.
„Загубивме голем човек, посветен татко, сопруг, социјалдемократ, доктор-специјалист кој целиот свој живот го посвети на најважното: здравјето на луѓето.
Придонесот на д-р Исјановски за македонското здравство, неговата хуманост и борбата за вистинските социјалдемократски вредности ќе останат трајно наследство за сите нас.“ – пишуваа во статусот на СДСМ.
По професија беше специјалист психијатар и зад себе остави богата професионална кариера.
Доктор Исјановски е роден на 21.07.1978 година во Скопје каде ги завршува, основното и средното образование. Медицинскиот факултет во Скопје го завршува во јуни 2003 година.
Приватно д-р Исјановски е сопруг и татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом…
Тажна вест во македонската здравствена фела се…
Нов пожар во РЕК Битола!
НОВ ПОЖАР ВО РЕК БИТОЛА Густ канцероген…
„Бучавата продолжува“: Студентите повикуваат на нова блокада…
Студентите кои го блокираа Филозофскиот факултет во…
(Видео) Силно невреме ја погоди Црна Гора…
Силна бура го погоди црногорскиот брег утрово,…
Османи: Ајде да потпишеме меѓупартиски договор и…
Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир…