Почина саудискиот принц Мухамед бин Фахд Ал Сауд
Саудискиот принц Мухамед бин Фахд Ал Сауд почина на 75-годишна возраст, соопшти кралскиот двор.
„Неговото кралско височество принцот Мухамед бин Фахд Ал Сауд се пресели на милоста на Семоќниот Бог“, се вели во соопштението.
Мухамед бин Фахд беше принц од втората генерација, внук на основачот на саудиската кралска лоза, кралот Абдулазиз. Бин Фахд беше гувернер на источната провинција на државата 28 години, од 1985 до 2013 година.
На тоа место, тој го наследи Абдул Мухсин бин Абдула Ал Џилуви Ал Сауд.