Почина сликарот Пепи Атанасов од Делчево
Во Делчево синоќа почина сликарот Пепи Атанасов. Во својот работен век Атанасов, кој е роден 1967 година, има работено на цртање мурали на општинската зграда, комплексот Делчевчанка, воспитно-образовните установи во градот, како и неколку колективни станбени живеалишта во Делчево.
Творец е и на повеќе дела кои оставија белег во старата градска чаршија.
За неговиот труд во 2020 година доби општинско признание по повод 75 години од Ослободувањето на Делчево.
Погребот на Атанасовски е закажан за денеска во 14:00 часот на градските гробишта во Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…