Објавено на:

Почина Србинката која беше застрелана од македонски државјанин

t

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле се за да и го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.

„Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите“, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.

За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Србинката која беше застрелана од македонски…

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која…

Балканска работа: Македонка и Србинка се испотепале…

На 22.03.2023 во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30)…

Србинка се вратила од Германија во Белград…

49 годишната Србинка Б.В. дошла во Белград…

Хорор во Италија: Уапсена Србинка која го…

Италијанската полиција уапси жена со српско потекло,…

Србинка ранета во експлозијата во Истанбул

Српска државјанка е ранета во денешниот терористички…