Објавено на:

Почина Шенон Доерти, познатата актерка од серијата „Беверли Хилс“

t

Познатата холивудска актерка Шенон Доерти почина во саботата на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот.
Тажната вест ја потврди Лесли Слоун, нејзиниот портпарол за американскиот магазин „Пипл“.


Шенон Доерти беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, а таа почина опкружена со своите најблиски, вклучувајќи го и нејзиното куче Боуви. Семејството бара приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, додаде Слоун.
Ќе остане запаметена по улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“ во деведесеттите. Таа играше во 111 епизоди, а серијата ја напушти по четвртата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ