Почнаа руските поморски вежби на Балтикот
Во Балтичкото Море почнаа воените вежби „Океански штит 2023“, во кои учествуваат повеќе од 30 воени бродови и чамци на руската морнарица, како и 30 авиони и околу шест илјади војници, соопшти руското Министерство за одбрана.
За време на вежбите се планира проверка на подготвеноста на морнаричките сили за заштита на националните интереси на Русија во оперативно важна област и координација на работата на штабовите на различни нивоа во командата и контролата на силите.
Ќе се развијат мерки за заштита на поморските комуникации, транспортот на сили и воен товар, како и за одбрана на морскиот брег. Планирано е да се изведат повеќе од 200 борбени вежби, вклучително и со практична употреба на оружје.
По завршувањето на вежбите, бродовите ќе се вратат во постојаните бази, а авионите ќе се вратат на своите аеродроми, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…