“Почнале со пиење” уште од сега: Заеднички коктел за Македонија и Албанија по првата меѓувладина конференција
Попладнево во седиштето на ЕУ во Брисел се организира заеднички коктел на Македонија и Албанија по одржувањето на Првата меѓувладина конференција.
На коктелот присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и членови на двете владини делегации и новинари од двете земји.

Рама не изневери на својот имиџ и повторно се појави во спортска варијанта со бели патики.
-Не треба да летаме во воздух, рече премиерот на Албанија на заедничкиот коктел. Тој му се заблагодари на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за неговиот вложен труд од почетокот на мандатот.
Премиерот Димитар Ковачевски исто така се заблагодари на комесарот Вархеји и на граѓаните на Македонија.
-Ќе покажеме дека како што брзо се интигриравме во НАТО, брзо ќе се интегрираме и во ЕУ, рече Ковачевски пред присутните на заедничкиот коктел.

Извор / Фото: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската Унија ќе ја затвори канцеларијата на…
Брисел барал од МОН И Националната агенција…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…