Објавено на:

Почна битката за лежалки на грчките плажи: Инспектори утрово дадоа налог за уривање на дивоградби поставени во морето

t

Рација на плажата Агиа Марина на Родос беше извршена денеска од група раководители од копнената канцеларија и пристаништето, со цел да се утврдат какви било прекршувања на брегот и плажата.

– При увидот констатирано е поставување на дивоградби (19 метални конструкции) во морето, како и прекршоци на плажа, јавуваат грчките медиуми.

Сличен прекршок бил констатиран и минатата година, на истата плажа и од истата фирма, а надлежните служби веднаш пристапиле кон издавање на нивните протоколи за уривање.

На фотографиите е барот на плажа кој минатата година предизвика бура по видеото на социјалните мрежи на кое се гледа работник како служи во морето. Минатата година оваа фирма беше пломбирана поради дивоградби во морето, кои, како што беше констатирано, беа поставени и годинава.

Од 2.000 евра до 60.000 евра се казните за попречување на слободниот пристап на јавноста до море, крајбрежје и плажа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…