Почна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“

t

– По повод Денот на згрижувачките семејства, денеска започна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“, што ја спроведуваат СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика, во соработка со сите други институции инволвирани во системот за згрижување.

Кампањата започна попладнево во Скопје, а деновиве ќе продолжи и во 25 други населени места, меѓу кои и Валандово, Велес, Штип, Кавадарци и Неготино.

– Кампањата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да поттикне се поголем број граѓани да станат згрижувачи на децата без родители, за да може секое дете да расте во безбедно семејно опкружување исполнето со љубов, истакна Ејупи, кој со своето воведно обраќање го означи почетокот на кампањата.

Во државата, вели тој, се потребни поголем број на згрижувачки семејства за да може секое дете кое има потреба да биде згрижено во семејна средина.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави оти верува дека низ оваа кампања ќе успеат да ја подигнат свеноста, односно да изнајдат начин како на секое дете на кое му е неопходно семејство, да му се пружи потребната грижа.

– Со кампањата сакаме да се подигне свесноста кај сите граѓани, особено во Град Скопје за што значи да си згрижувач, дека на таков начин секое едно дете на кое му е неопходна родителската грижа и љубов која можеби ја нема поради некои услови во коишто е затекнато, верувам имаме начин да укажеме дека може и секој еден човек кој има таква желба и сака да помогне, дека ќе може да помогне на тој начин што ќе стане згрижувач, односно со своето семејство ќе пружи топол дом на секое дете на кое тоа му е неопходно, рече Арсовскa

Преку оваа кампања, како што соопшти директорката на СОС Детско село Јулијана Гапо, ќе ги повикаат граѓаните да ги отворат своите домови и да помогнат да се згрижат многу деца на кои тоа им е потребно. – Зошто е важно ова? Бидејќи во нашата држава во моментов има 353 згрижувачки семејства, меѓутоа тоа е далеку од тоа што е доволно. Многу деца имаат потреба да ја променат својата форма на згрижување, имаат потреба од љубов, од топол дом и од грижа. Сите граѓани ќе можат од сега па натаму полесно да дојдат до информации, да се запознаат со тоа како се станува згрижувач. Секој кој е полнолетно лице од 18 до 62 години може да ги исполни тие услови и може да згрижи дете или повеќе деца, рече Гапо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…