Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

t

Преку веб-страницата vakcinacija.mk, од денеска започна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи од населението, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип.

„Пријавувањето се врши со пополнување на апликација. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате“, велат оттаму.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица. Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи, додаваат од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По заминувањето на Тачи, Села тврди дека…

Политиката е даден збор и сите пратеници…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

Преку веб-страницата vakcinacija.mk, од денеска започна пријавувањето…

Која е Марија Митева – новата портпаролка…

Марија Митева е нов портпарол на Владата.…

Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут…

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот…

Дали навивачите на Интер се поврзани со…

Симоне Инзаги, тренерот на италијанскиот фудбалски клуб…