Почна протестот на УПОЗ: И ако го добијат додатокот од 6.000 денари, службениците нема да ја достигнат просечната плата
Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот завод за статистика и Архивот почнуваат со протести. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, посочи дека ги избрале овој датум, бидејќи се совпаѓа со закажаната седница на Владата, на која апелираат да се дискутира за додатот на плата од 30 отсто и конечно да се реши овој долгогодишен проблем.
-Од изборот на новата Влада, досега остваривме средби со сите министри и заеднички со нив подготвивме предлог Колективен договор. Со нивна подршка го доставивме до Министервтото за финансии и тоа пред донесувањето на Буџетот за 2025, но од неразбирливи причини за нас, МФ не одобри средства за потпишување на КД. Во моментот висината на платите на вработените во овие институции кои протестираат почнува од 25.010 денари, просечната плата е околу 29.000 денари, додека просечната плата во државата е 42.124 денари. Со додатокот од 30 отсто, кој го бараме, овие вработени би добие износ од 6.000 денари, но и покрај тоа тие ќе имаат пониски плати од просечните во државата. Ова наше барање е старо повеќе од 4 години, а за него штрајкуваме години наназад и досега ниедна Влада не го слушна нашиот глас. Иако не постои ниту законска, ниту уставна пречка, нашата намера не е да го оштетиме државниот Буџет, туку да најдеме средства за овој додаток во неговите рамки. Ќе протестираме секој ден од 11 до 11.30 часот, а во петок се селиме пред Министерството за финансии и тоа од 11 до 12 часот. Се надеваме дека нашите протести нема да бидат залудни и дека Владата ќе го слушне нашиот глас – објасни Деаноски.
Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ, нема никакви поместувања во однос на веќе започнатиот штрајк во Државното правобранителство.
-Во понеделникот имавме преговори со Државниот правобранител, но нема никакви поместувања. Ново е само тоа што вработените почнаа да добиваат решенија со кои им се намалуваат платите за 40 отсто за време на штрајк. Колегите од Тетово кои почнаа со штрајкот минатата недела, први ги добија овие известувања, а сега се спремаат и кај другите колеги – додаде Деаноски.
Одлуката за протести на вработените во повеќе државни институции и министерства е последица од фактот што Министерството за финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не ги визираше нивните Колективни договори, со кои е врзана исплатата наовој додаток. Од УПОЗ тврдат дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и финансии кои веќе го добија тој додаток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна протестот на УПОЗ: И ако го…
Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата…
Зеленски и Макрон разговараа за практични чекори…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател…
(Фото) Русите имаат нов воен дрон, го…
Руските вооружени сили воведуваат ново беспилотно летало…
Утрински температури до -11 степени и повремени…
Утре и во четврток претпладне ќе се…
Русија сака да го дели Гренланд со…
Андреј Гуруљов, пратеник на руската Дума смета…