Почна средбата на Мешовитата македонско – бугарска историска комисија

t

Бугарската делегација од Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања пристигна во МНР на закажаната средба со целосно подновената македонска делегација.

Ангел Димитров кој ја предводи бугарската делегација пред новинарите изјави дека нема информации за тоа како ќе се одвива средбата и дека не ги познава новите членови од македонската делегација, освен претседателот проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, кој и претходно беше член на Мешовитата комисија но поднесе оставка.

Во вторникот министерот Тимчо Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Според соопштението објавено по оваа протоколарна средба, министерот Муцински истакнал дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности.

– Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, соопшти МНР.

Историчарот Митко Панов кој е член на Комисијата во интервју за Сител вчера ја поздрави поддршката која доаѓа од МНР и академската слобода која ја имаат како историчари во рамки на работата на Мешовитата историска комисија.

-Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, рече Панов, историчар од Институтот за национална историја.

На 10 септември премиерот Христијан Мицкоски ги смени историчарите од македонската делегација обвинувајќи дека претходниот состав „не бил бранител на националните интереси на македонскиот народ“.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а други членови се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Во своето седуимгодишно заседавање Комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во бугарските учебници.

Последната средба на Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија се одржа на 30 и 31 мај во Софија, додека наредната средба закажана во Скопје во септември но беше одложена за денеска. Според изјавата на претходниот претседател Драги Ѓоргиев работата на Комисијата запнала кај Гоце Делчев поради одбивањето на бугарската страна да ја прифати формулација дека тој е национален херој на македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна средбата на Мешовитата македонско – бугарска…

Бугарската делегација од Мешовитата македонско – бугарска…

Во затворот Штип пронајдена дрога

Вчера во 20.04 часот во СВР Штип…

Во недела го славиме празникот Света Петка

Света Петка, позната како заштитничка на жените…

ХОРОР: Девојка била нападната од чопор на…

Жена од Карпош објави сведоштво на социјалните…

Пресврт во американските анкети: Трамп повторно е…

Пресврт на анкетите во Америка Поранешниот претседател…